• четврток, 07 ноември 2024

Проектот „Сега“ – национален претставник на 17. Венециско биенале за архитектура

Проектот „Сега“ – национален претставник на 17. Венециско биенале за архитектура
Скопје, 22 мај 2021 (МИА) - Со проектот „Сега“ на бирото за проектирање БИНА (Биро за инвентивна архитектура) нашата држава ќе биде претставена на 17-то Биенале на архитектура во Венеција, што ќе се одржи од 22 мај до 21 ноември годинава. Проектот/изложба е на група архитекти предводени од Бекир Адеми, куратор на изложбата, ко-куратор е Јордан Шишовски, комесар на проектот е Дита Старова-Ќерими, директорка на Националната галерија, додека покровител на изложбата е Министерството за култура. Куратор на 17. меѓународна изложба на архитектура е архитектот со либанско потекло, Хашим Саркис. Хашим Саркис е декан на Факултетот за архитектура и планирање на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) од 2015 година. Дипломирал архитектура и ликовни уметности на Факултетот за дизајн на Островот Рода и докторирал философија на Универзитетот Харвард. Тој е автор и уредник на повеќе книги и статии за историјата и теоријата на модерната архитектура. Темата „Како ќе живееме заедно?“ е зададена од кураторот Хашим Саркис.  Меѓународната изложба на архитектура под наслов „Како ќе живееме заедно?“ организирана од Ла Биенале ди Венеција/Венециско биенале ќе биде изложена во Џардини, Арсенале и Форте Маргера. Инаугуративната церемонија ќе се одржи денеска. Биеналето оваа година вклучува 112 учесници од 46 земји, со делегации од Африка, Латинска Америка и Азија и со широко женско претставување. Ова издание исто така вклучува низа учества надвор од конкуренцијата: истражувања со релативни студии на случаи развиени од истражувачи од универзитети ширум светот... Нашата земја во континуитет веќе деветти пат се претставува на оваа најпрестижна манифестација. На првото учество во 2004 година се претставивме со проектот „Метаморфоза: од хипер тело до инверзна перспектива“, а „Град на можни светови“ (2006, кога стручното жири му додели Специјално признание на македонскиот павилјон), „Метамак отсечоци“ (2008),  „Учење архитектура“ (2010) и „Архитектура во огледало: секојдневно и возвишено“ (2012). свс/мд/

Остани поврзан