Проектот на ОФМ „Играј одбојка – расти со неа“ одново активен
- Со почетокот на новата учебна година продолжуваат и активностите од проектот „Играј одбојка – расти со неа“, кој Одбојкарската Федерација на Македонија (ОФМ) го спроведува под покровителство на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ).
Скопје, 3 октомври 2025 (МИА) – Со почетокот на новата учебна година продолжуваат и активностите од проектот „Играј одбојка – расти со неа“, кој Одбојкарската Федерација на Македонија (ОФМ) го спроведува под покровителство на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ).
Како што соопшти ОФМ, проектот има за цел да ја промовира одбојката меѓу младите генерации и истовремено да даде поддршка на овој спорт во училиштата и локалните клубови.
Околу 30 клубови од целата држава се дел од проектот, кои ја промовираат одбојката во основните училишта во кои функционираат. Во септември имаше неколку активности во Скопје и Струмица, каде млади девојчиња се запознаваа со одбојката и учеа за нејзините основи, правејќи ги првите чекори во овој спорт.
Во рамките на проектот ОФМ додели одбојкарски топки и реквизити, кои ќе се користат во тренажниот процес.
ОФМ во проектот на ЦЕВ „Играј одбојка – расни со неа“ е вклучен заедно со уште 30 национални федерации од Европа. ег
ФОТО: ОФМ