• недела, 22 декември 2024

Продолжува потрагата по вториот пилот од урнатиот воен хеликоптер во Хрватска

Продолжува потрагата по вториот пилот од урнатиот воен хеликоптер во Хрватска
Загреб, 28 јануари 2020 (МИА) - Потрагата по вториот пилот на воениот хеликоптер кој се урна вчера на хрватскиот остров Зларин, во Јадранско Море, траеше цела ноќ, а ќе продолжи и во текот на денот. Претходно, во текот на вчерашниот ден беше пронајдено едно тело, кого спасувачите околу пладне го извлекле од морето. Во потрагата беа вклучени седум бродови и хеликоптер, а во вечерните часови и подморница на Хрватската воена морнарица, како и оперативните служби на Министерството за внатрешни работи. До падот на хеликоптерот Kiowa ОХ-58  дојде за време на тренажен лет, кој почнал околу 10.30 часот. Хеликоптерот се урна половина час по полетувањето. Хрватското Министерство за одбрана вчера соопшти дека се преземаат сите мерки и активности со цел пронаоѓање и спасување на екипажот. паг/  

Остани поврзан