• понеделник, 23 декември 2024

Продолжува замената на старата водоводна мрежа во Велес

Продолжува замената на старата водоводна мрежа во Велес

Велес, 31 мај 2022 (МИА) - Екипи на Р.Е „Водовод и канализација“ на ЈКП „Дервен“ од Велес започнаа со работни активности за замена на стара водоводна мрежа во должина од 160 метри на улица Маца Овчарова.

- Со замената на старата поцинкувана водоводна мрежа со пластични црева се подобрува квалитетот на водата во градскиот водовод, потенцираат од ЈКП „Дервен“.

Оттаму дополнуваат дека замената на старата со нова мрежа продолжува континуирано и на другите улици во градот. ад/ар/

Остани поврзан