Продолжува асфалтирањето на улици во беровско Двориште
- Со асфалтирање на улици во центарот на беровското село Двориште се заокружуваат градежните активности во рамки на проектот „Македонија без кал”. Од општината информираа дека со реализацијата

Берово, 17 март 2022 (МИА) - Со асфалтирање на улици во центарот на беровското село Двориште се заокружуваат градежните активности во рамки на проектот „Македонија без кал”. Од општината информираа дека со реализацијата на овие активности значително е подобрена патната инфраструктура во селото Двориште.
- Со реконструкцијата на улиците во село Двориште, се обезбeдува поголема безбедност и подобра комуникација помеѓу населените места, земјоделците добиваат подобар пристап до своите имоти и до градот, ќе се подобри локалната патна инфраструктура и значително се подобрува квалитетот на живот на жителите на село Двориште, истакнаа од општината.
Како што посочија од општината, проектите се реализираат со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски.
- Примарен фокус на овој проект е регионалното поврзување со посебен прироритет на локалните патни правци. Целта е забрзан локален развој и модернизација на македонските општини, додадоа од општината.
Во досегашниот дел од проектот „Македонија без кал" во селото Двориште, извршена е реконструкција на асфлатни патишта со должина од 3300 метри, со вкупна вредност , од околу 400 илјади евра.вс/фф/
