• петок, 22 ноември 2024

Продолжува акцијата за уредување на тревните површини на кејот на Вардар во Скопје

Продолжува акцијата за уредување на тревните површини на кејот на Вардар во Скопје
Скопје, 22 јули 2022 (МИА) - Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје деновиве спроведуваат акција за косење на зеленилото на кејот на Вардар со која интензивно се уредува вегетацијата, во координација и по налог на Град Скопје. -Акцијата започна во Ново Лисиче на потег од мостот Близнак до ЈП „Лајка“. Теренските екипи неделава работат на косење на неуредените тревни површини, кастрење на гранки, сечење избојци и чистење на површините. Екипите со соодветна механизација работат и на косење и уредување на дивоизраснатата вегетација на овој простор, информираат од ЈП „Паркови и зеленило“.  Истовремено, посочуваат, во склоп на оваа акција на косење на зеленилото на кејот се работи и од левата страна на Вардар, каде што се врши уредување на зеленилото на потегот од вливот на Лепенец во Вардар до мостот на булеварот „8 Септември“.  -Оваа акција е дел од вонредните работни активности на ЈП „Паркови и зеленило“. Во заедничка соработка со Градот Скопје посветено и редовно ги одржуваме јавните зелени површини во градот во корист на посетителите и за целите на рекреација на граѓаните на кејот на Вардар, велат од јавното градско претпријатие. вј/аа/

Остани поврзан