• недела, 22 декември 2024

Продолжуваат зимските тестирања на гумите Пирели во Формула 1

Продолжуваат зимските тестирања на гумите Пирели во Формула 1
Лондон, 24 ноември 2022 (МИА) - Пирели организира дополнителни тестови на гумите за сезоната 2023. На 22 ноември, сите тимови учествуваа на тестовите на пневматиците во Абу Даби. Пет тима ќе спроведат нови тестови во текот на зимата. Алфа Ромео, ферари, Алфа Таури, ММерцедес и Астон Мартин, од декември до февруари следната година ќе извршат по неколку тестирања на пневматици за различни временски услови. Првите официјални сесии во 2023 година ќе се одржат на 23-25 ​​февруари на претсезонските тестирања во Бахреин. Добавувачот на гуми, компанијата Пирели има договор со Формула 1 до крајот на сезоната 2024. зс/

Остани поврзан