• среда, 06 ноември 2024

Продолжуваат борбите за Карабах пред разговорите во САД

Продолжуваат борбите за Карабах пред разговорите во САД
Степанакерт, 23 октомври 2020 (МИА) - Жестоките борби околу спорната област Нагорно Карабах продолжуваат и денеска, иако министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан отпатуваа во Вашингтон на разговори за решавање на повеќедеценискиот конфликт. Државниот секретар на САД, Мајк Помпео закажа состанок со министрите за надворешни работи на двете земји, откако пропаднаа два договора за прекин на огнот со посредство на Русија. Завојуваните страни сè уште се обвинуваат едни со други за гранатирање населени места. Властите во непризнатата република Нагорно Карабах соопштија дека ракетите паднале од азербејџанските позиции на градот Мартакерет и на неколку села во областа Мартуни. Азербејџанското Министерство за одбрана ги негираше обвинувањата и ги обвини ерменските сили за гаѓање во областите Тертер, Агдам и Агџабеди во текот на ноќта. Вооружените конфликти меѓу Азербејџан и Ерменија околу Нагорно Карабах ескалираа кон крајот на септември. Во конфликтот има жртви и од двете страни. паг/

Остани поврзан