• петок, 22 ноември 2024

Продолжи производството на БМВ мотоцикли

Продолжи производството на БМВ мотоцикли
Минхен, 4 мај 2020 (МИА) - Германскиот производител на автомобили „БМВ“ денес продолжува со производство на мотоцикли во својата фабрика во Шпандау, пренесе Берлинер Цајтунг. Повеќе од 2.000 вработени се вратија на своите работни места под засилени мерки на безбедност во единствената фабрика за мотоцикли во Германија, каде производството беше стопирано на 18 март. Во производните капацитети се инсталираат бариери, ограничен е пристапот до местата за одмор, има налепници насекаде, повикувајќи на метар и половина оддалеченост меѓу вработените. На работниците им се советува да носат маски, а во некои случаи задолжително да ги менуваат најмалку четири пати на ден. За да ги обезбеди маските потребни за работниците, компанијата започна со производство во друга фабрика, со капацитет од 300.000 единици на ден. Денес, три од петте производни линии во фабриката се повторно отворени, а другите се очекува да бидат во функција во рок од две недели. Сепак, не е познато кога ќе се врати целиот производствен капацитет. Фабриката обично произведува 4.000 мотоцикли неделно. зс/

Остани поврзан