• понеделник, 08 јули 2024

Провокативно издание на Зендеја за „Ел“

Провокативно издание на Зендеја за „Ел“
Лос Анџелес, 11 ноември 2020 (МИА) - На насловната страница на новиот број на списанието „Ел“, американската глумица и пејачка Зендеја се појавува само во долга златобојна наметка со реси и Најки патики. Во интервјуто, таа говори за годинашната прва нејзина Еми награда за најдобра женска главна улога во серијата „Еуфорија“, за претстојната втора сезона, за филмовите „Малком и Мери“ - приказна за љубов во карантин, и научнофантастичниот „Дина“, и други новитети во нејзиниот живот. - Бев многу нервозна (на Еми доделувањата), но мило ми е што моето семејство беше таму. Сите беа таму и врескаа, како што тоа го прави моето семејство! Ние сме многу гласно семејство и бев загрижена дека ќе врескаат премногу долго. И малиот часовник ќе започне да отчукува, па јас само би кажала „Ах, благодарам“ и толку!, раскажува младата глумица. си/ми/

Остани поврзан