• недела, 22 декември 2024

При гранатирање на градот Миколаев десет загинати и 46 повредени

При гранатирање на градот Миколаев десет загинати и 46 повредени
Киев, 4 април 2022 (МИА) - Десет цивили загинаа, а 46 се повредени во жестокото гранатирање на руската армија над украинскиот град Миколаев. Ова вечерва преку видео изјава го соопшти градоначалникот Александар Сенкевич. Во првиот напад на руската армија во 04:00 часот по Гринич (шест часот по македонско време) „е убиен еден, а пет лица се повредени, од кои двајца се наоѓаат во тешка состојба“. Во друг напад врз градот, девет лица загинаа, а 41 беа повредени“, истакна Сенкевич, додавајќи дека бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми. гт/

Остани поврзан