• среда, 08 мај 2024

Пријава за исчезнато лице во селото Лазарополе

Пријава за исчезнато лице во селото Лазарополе

Гостивар, 11 септември 2023 (МИА) - Полициски службеници вршат пребарување по теренот во атарот на селото Лазарополе за пронаоѓање на повозрасен маж.

Неговото исчезнување било пријавено попладнево околу 17:30 часот преку Е-112, број за итни повици.

Од ЦУК ја потврдија информацијата која, како наведуваат, е дојдена од Регионалниот центар Тетово.

Според првичните информации, се работи за Д.П., на возраст од 74 години, кој има дијагноза деменција и последен пат бил виден околу 13:30 часот. згм/бд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан