• петок, 22 ноември 2024

Притвор од 30 дена за дилер на дрога од Битола

Притвор од 30 дена за дилер на дрога од Битола
Скопје, 1 октомври 2020 (МИА) - Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 32 – годишен битолчанец кој неовластено држел наркотична дрога хероин, со што го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, информира од битолското обвинителство. - При извршен претрес во домот на осомниченото лице, на 29.9.2020 година, службените лица пронашле наркотична дрога хероин спакувана во две полиетиленски паткувања, од 17, 70 грама и 0,37 грама. Дрогата осомничениот ја набавил од засега непознато лице, а ја држел неовластено заради продажба, соопштија од ОЈО Битола. Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Битола ценеше дека се исполнети законските основи, па до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување на мерката притвор. Предлогот беше прифатен и Судот со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена. оџ/са/

Остани поврзан