• недела, 22 декември 2024

Притвор за 71-годишен битолчанец за полов напад врз дете

Притвор за 71-годишен битолчанец за полов напад врз дете
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик“, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Како што информира ОЈО, осомничениот 71-годишник на 25 септември годинава, во својот дом во Битола, извршил други полови дејствија врз осумгодишно дете, кое го заклучил во станот. -Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, соопшти ОЈО.​вј/са/

Остани поврзан