Притвор за гостиварец осомничен за неовластено производство и промет на наркотични дроги
- Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истрага и поднесе предлог за определување мерка притвор за лице осомничено за кривично дело „неовластено производство и п
![Притвор за гостиварец осомничен за неовластено производство и промет на наркотични дроги](https://mia.mk/images/20221108145150_big_730x400_58.webp )
Скопје, 23 август 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истрага и поднесе предлог за определување мерка притвор за лице осомничено за кривично дело „неовластено производство и промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, на 20 август во домот на 31-годишниот гостиварец биле пронајдени околу 20 грама марихуана и дигитална вага со остатоци од дрога.
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот со решение му определи притвор во траење од 30 дена. мд/са/