• недела, 22 декември 2024

Прирачник за разбирање и постапување со енергетска сиромаштија 

Прирачник за разбирање и постапување со енергетска сиромаштија 

Скопје, 30 август 2023 (МИА) - Енергетската сиромаштија не е само неможност да се платат сметките за енергија, туку треба да се смета за дел од потребата да се гарантира задоволување на сите основи потреби во домот – за греење, ладење, превоз, комуникации и слично, е главниот заклучок на Прирачникот за разбирање и постапување со енергетска сиромаштија што денеска ќе го промовира Аналитика тинк-тенк.

-Ова а важно бидејќи скриена енергетска сиромаштија е кога граѓаните им даваат предност на плаќањето на сметките за електрична енергија и греење, но за да го постигнат тоа намалуваат трошоци за други основни потреби, како превоз, храна и сл, велат од Аналитика тинк-тенк.

Нагласуваат дека лицата во енергетска сиромаштија, односно оние кои ги намалуваат трошоците на основни потреби како храна, лекови, или превоз за да ги покријат трошоците за енергија, претпочитаат поголема контрола на монополот во енергетскиот сектор и подобра социјална заштита отколку директна помош во вид на субвенции.

-Мерките во земјава за намалување на енергетска сиромаштија, како што е Програмата за енергетски ранливи потрошувачи и Програмата за поттикнување на енергетска ефикасност и обновливи извори кај домаќинствата, не се ефикасни во намалување на проблемот, бидејќи не ги покриваат потребите на лицата во енергетска сиромаштија. Особено предмет на критика во однос на доделување на субвенции е принципот на прв дојден – прв услужен, бидејќи ги поддржува оние лица кои можат да купат нови технологии и без субвенциска поддршка, посочуваат од Аналитика тинк-тенк.

Прецизираат дека прирачникот е наменет за широка група на чинители кои работат на енергетски, социјални, еколошки, здравствени, родови, климатски и сродни прашања за да се информираат за повеќедимензионалните аспекти на енергетската сиромаштија која засега се поголем број граѓани, особено како резултат на енергетската криза и зголемување на цените на енергенсите. Прирачникот, како што велат, илустрира повеќе аспекти на енергетската сиромаштија и нуди 28 препораки.вј/вг/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан