• петок, 22 ноември 2024

Припадници на групата Боко Харам отруени во затвор во Чад

Припадници на групата Боко Харам отруени во затвор во Чад
Нџамена, 19 април 2020 (МИА) -  Четириесет и четири припадници на екстремистичката група Боко Харам починале во затвор во Чад, најверојатно откако биле отруени со непозната супстанца, соопшти денеска чадскиот јавен обвинител. Би-Би-Си јавува дека отруените припадници на Боко Харам биле дел од групата од 58 уапсени мажи за време на неодамнешната армиска операција против оваа исламистичка група во близина на езерото Чад. Британскиот сервис наведува дека истрагата е почната откако четири аутопсии покажале дека смртта кај затворениците е предизвикана од некаква смртоносна супстанца. Оттаму се додава дека првично биле затруени 45 лица, но едно од нив во меѓувреме заздравело и е вратено во затвор. сд/

Остани поврзан