• вторник, 26 ноември 2024

Припадниците на ЕБР при МВР и БСС „Волци” при АРСМ реализираа заедничка вежба

Припадниците на ЕБР при МВР и БСС „Волци” при АРСМ реализираа заедничка вежба

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Припадниците на Единицата за брзо распоредување при Бирото за јавна безбедност на МВР во изминатиот период во неколку наврати учествуваа во обука од областа на летна алпинистика и јазење, реализирана од страна на припадници на Баталјонот за специјални сили „Волци” при Армијата на Република Северна Македонија.

Како резултат на спроведената обука, информираа денеска од МВР, во периодот од 26.09.2023 до 03.10.2023 година била извршена подготовка за завршна вежба со сценарио „Спасување на повредени лица од тешко прооден карпест предел”.

- Вежбата беше реализирана на полигонот за летна алпинистика и јазење во Демир Капија, на која покрај припадниците на ЕБР и БСС „Волци“, како учесници, присуствуваа и раководните старешини од единицата во состав на БЈБ-МВР и баталјонот при АРСМ. Успешно реализираната вежба и драгоценото заедничко искуство покажа дека соработката на единиците во извршување на ваков вид на обуки и заеднички вежби е на многу високо ниво, што се очекува да се демонстрира и во реални услови при извршување на заедничките задачи, стои во соопштението од МВР. цр/са/

Фото и видео: МВР

Остани поврзан