• недела, 13 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Прилеп подготви 11 проекти на повикот од Министерството за локална самоуправа за средства за оваа година

Прилеп подготви 11 проекти на повикот од Министерството за локална самоуправа за средства за оваа година

Прилеп, 26 март 2025 (МИА) - Со 11 проекти, прилепската локална самоуправа одговори на јавниот повик на Министерството за локална самоуправа. Градот ги поднесува проектите кои смета дека ќе го подобрат квалитетот на живеењето во Општината.

Општината конкурира за средства од 8 милиона евра, а во овие проекти се капитални зафати во инфраструктурата, соопштија од локалната самоуправа.

-Реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ (пред хотел „Скопје“) и поставување урбана опрема, изградба на мост на ул. „Победа“ над река Оревоечка, реконструкција на ул. „Орде Чопела“ – влез на градот од Македонски Брод, комплетна реконструкција, вклучително со електротехника, на улицата „Трајко Николоски“, изградба на нови две детски игралишта, едното во центарот на градот, зад Участакот, а другото на улицата „Борка Талески“ во населбата Типски. Изградба на водоснабдителен систем во село Лениште, реконструкција на главен потисен цевковод за водоснабдување на Индустриската зона и за комплексот на манастирот „Св. Димитрија“ во селото Селце, изградба на фотонапонска централа која се поставува на објекти (на Пречистителната станица). Интеграција на дистрибуирани локации од водоснабдителен систем на Прилеп во постоен SCADA систем и интеграција со ГИС систем, како и проект за промена на водоводната мрежа од јазолот на булеварот „Гоце Делчев“ со улицата „Кузман Јосифоски“ до јазолот на улицата „Кузман Јосифоски“ со улицата „Ленин“, информираат од прилепската локална самоуправа. ем/мд/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан