Прилепчанец уапсен за кражба на мопед
- Полициски службеници од СВР Битола- Полициска станица од општа надлежност Прилеп на ул. „Марксова" во Прилеп денеска го лишиле од слобода Е.В.(42) од Прилеп поради сомнение за сторено кривичн

Скопје, 12 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола- Полициска станица од општа надлежност Прилеп на ул. „Марксова" во Прилеп денеска го лишиле од слобода Е.В.(42) од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело кражба.
Од Е.В. е одземен мопед „томос", кој бил пријавен за украден на 2-ри месевов.
Мопедот е вратен на сопственикот, а против Е.В. ќе биде поднесен соодветен поднесок.лв/мд/