• петок, 22 ноември 2024

Прилепските земјоделци заинтересирани за државно земјоделско земјиште под концесија

Прилепските земјоделци заинтересирани за државно земјоделско земјиште под концесија

Прилеп, 9 февруари 2024 (МИА) - Прилепските земјоделци поднесоа преку 240 барања за околу 1000 хектари да земат под концесија при последниот оглас на Министерството за земјоделство што траеше од 10 јануари до 8 февруари. Максимално може да земат до 3 хектари под концесија на државно земјоделско земјиште за производство.

Според подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Прилеп, понудени биле сите слободни земјоделски површини во Прилепско, Долненско и Кривогаштанско. Најмногу земјоделците се заинтересирани за поледелските култури – житните и градинарските, а има и за овоштарници. 

Земјоделците под концесија може да земат најмногу 3 хектари државно земјоделско земјиште и најдолго до 30 години. ем/сст/

фото МИА

Остани поврзан