• петок, 22 ноември 2024

Прилепската болница чека испорака на мазут, просториите се дозагреваат

Прилепската болница чека испорака на мазут, просториите се дозагреваат
Прилеп, 10 февруари 2022 (МИА) - Прилепската болница работи со минимални количества мазут и ги троши последните количества. Просториите во болницата се затоплуваат со грејни тела. Според Кети Смилеска, директорка на прилепската општа болница со проширена надлежност, ваквата состојба е поради доцнењето на испораката на мазут од добавувачот. Во болницата се хоспитализирани 60-тина пациенти, од кои половината се со Ковид-19 во инфективното одделение, но Смилеска вели дека просториите се топли. Таа се надева дека сепак, денеска да се реши ситуацијата. - Не можам да кажам од кои причини доцни испораката на мазутот од добавувачот. Тендерот е навреме завршен, ние немаме никакви долгови, но доцни испораката од добавувачот. Просториите ги дозатоплуваме со грејни тела и исчекуваме и се надеваме денеска да стигне мазутот. Имаме хоспитализирани околу 60 пациенти, од кои 30 се со ковид во инфективното одделение. просториите се топли, вели Смилеска. Прилепската болница дневно троши до 1,2 тона мазут. Во болницата очекуваат, но сѐ уште е неизвесно, денеска да се реши ситуацијата и да добијат мазут за загревање.ем/фф/

Остани поврзан