• недела, 24 ноември 2024

Привршува поставување на заштитна звучна ограда автопатот Куманово-Долно Којнаре

Привршува поставување на заштитна звучна ограда  автопатот Куманово-Долно Којнаре

Куманово, 20 март 2024 (МИА) - Привршува поставувањето на заштитната звучна ограда на автопатот на делницата, Куманово-Долно Којнаре, информираа денеска од Јавното претпројате за државни патишта.

Како што соопштија од ЈПДП звучната ограда на овој дел од автопатот кона Табановце се поставува во должина од 1, 8 километри.

- Согласно договорот за поставување на заштитна звучна ограда на одредени автопатски делници по должината на коридорите 8 и 10 (покрај град Куманово и покрај населено место Сарај) се поставува заштитна звучна ограда покрај градот Куманово (Куманово-Долно Којнаре) со должина од 1,8  и заштитни звучни огради во должина од 1,65 километри покрај населеното место Сарај (Сарај, Арнакија и Ласкарци), соопштија од претпријатието.

Изградбата на заштитните звучни огради започната е во мај 2023 година и ќе заврши во април 2024 година, а досега се реализирани над 90 проценти од вкупната работа.

- Средствата за овој проект се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта и се во висина од 231.000.000 денари со вклучен ДДВ (или 3.750.000 евра).Изведувач на работите е БИТЕМ ДООЕЛ Скопје, велат од претпријатието.

Во минатото беа изградени заштитни звучни огради на обиколницата на Скопје, на автопатот Миладиновци-Штип (кај Свети Николе и средно Коњаре), на автопатот Демир Капија-Смоквица (кај Смоквица) и на обиколницата на Битола. ам/цр

Фото: МИА


 

 
 

 

Остани поврзан