• среда, 15 мај 2024

Привршуваат подготовките за велосипедската тура „Пехчево на точак"

Привршуваат подготовките за велосипедската тура „Пехчево на точак
Пехчево, 19 јуни 2022 (МИА) - Привршуваат подготовките за велосипедската тура „Пехчево на точак". Турата како што информира Александар Бојчевски, е во организација на група ентузијасти, ќе се одржи следната сабота, со старт од центарот на Пехчево. - Почитувани љубители на планинскиот велосипедизам, драги корисници на природата и спокојството, драги ентузијасти. И оваа година ја продолжуваме традицијата на организирање планински велосипедизам низ пределот на Малешевија (Општина Пехчево)! Настанот ќе се одржи идната сабота (25.06.2022) со стартно време на велосипедската тура во 9:30 од центарот на Пехчево, информира Бојчевски. Трката, како што додаде, ќе биде средно тешка, во должина од 33 километри со 900 метри висинска разлика. - Организацијата е поддржана од општина Пехчево, а воедно сакам да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на Хотел Гогов за постигнатото во досегашните организации, без кои традицијата не би можела да продолжи. Општина Пехчево за оваа трка обезбедува возило за техничка поддршка и медицинско лице, а дел од организацијата се и ентузијасти со голема љубов кон велосипедизмот, спортот, природата и Пехчево и неговите убавини, додаде Бојчевски. Организаторите упатија апел на масовно учество од страна на вљубениците во велосипедските планински тури, напоменувајки дека учеството е бесплатно.вс/фф/

Остани поврзан