• сабота, 11 мај 2024

Привремен прекин на сообраќајот на Барбадос, на Табановце, Пелинце и Богородица се чека околу еден час

Привремен прекин на сообраќајот на Барбадос, на Табановце, Пелинце и Богородица се чека околу еден час

Скопје, 22 јули 2023 (МИА) - Поради сообраќајна незгода од 19:00 часот има привремен прекин на сообраќајот на планинскиот премин Барбадос од Прилеп кон Македонски Брод, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце, ГП Пелинце и ГП Богородица времето на чекање за влез во државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан