• недела, 22 декември 2024

Приведен 58-годишник од неготинско село за закани кон сопругата

Приведен 58-годишник од неготинско село за закани кон сопругата

Неготино, 8 октомври 2024 (МИА) - Педесет и осумгодишник од неготинско село бил лишен од слобода поради тоа што ѝ се заканувал на сопругата, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода Д.М., затоа што во семејнит дом ѝ се заканувал на неговата 47-годишна сопруга. Д.М. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се појаснува во соопштението на СВР - Велес. свд/бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан