• петок, 05 декември 2025

Приведен 28-годишен крушевчанец, управувал „мерцедес“ со 1,94 промили алкохол во крвта

Приведен 28-годишен крушевчанец, управувал „мерцедес“ со 1,94 промили алкохол во крвта

Скопје, 2 јули 2025 (МИА) - Дваесет и осумгодишен крушевчанец бил приведен затоа што управувал возило под дејство на алкохол, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил лишен од слобода рано изутрина - четириесет и пет минути по полноќ, на улицата „Битолска” во Демир Хисар.

- При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека Д.Ц. управувал патничко моторно возило „мерцедес” со крушевски регистарски ознаки под дејство на алкохол ,односно му биле измерени 1,94 промили алкохол во крвта, појаснија од МВР.

По целосно документирање на случајот, како што додадоа, против Д.Ц. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик -„безобѕирно управување со моторно возило”. бд/

Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан