• петок, 05 декември 2025

Приведен прилепчанец што управувал возило под дејство на алкохол

Приведен прилепчанец што управувал возило под дејство на алкохол

Скопје, 1 август 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера, во 14:00 часот на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп, го лишиле од слобода С.Ѓ.(52) од село Воѓани, прилепско. Како што информира МВР, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал С.Ѓ., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени  1,79 промили алкохол во крвта.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичен законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.вј/вг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан