• петок, 22 ноември 2024

Приведен криумчар од Неготинско, пронајдени 320 литри акцизна стока

Приведен криумчар од Неготинско, пронајдени 320 литри акцизна стока

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - На наплатната станица Градско, вчера во 15.20 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го привеле К.Ц.(23) од неготинското село Тимјаник. 

При преглед во патничкото возило „мерцедес“, кое го управувал, информираа денеска од МВР, била пронајдена и одземена акцизна стока, односно 17 туби со вкупно 320 литри алкохолен пијалак без никакви документи. Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот била известена Царинската управа.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/лв/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан