• среда, 06 ноември 2024

Приведен криминалец баран со потерница за издржување затворска казна од седум години

Приведен криминалец баран со потерница за издржување затворска казна од седум години
Скопје, 7 септември 2021 (МИА) – Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, вчера околу 17 часот во Гевгелија го привеле З.Ј. (41) од село Миравци, баран со меѓународна потерница. - З.Ј. бил баран со меѓународна потерница по судска наредба за издржување казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 237 став 4 во врска со член 1 од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи. Тој е спроведен во казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. ки/дма/

Остани поврзан