Приведен криминалец баран по централна потерница, осуден 10 години затвор
- Полициски службеници од ОВР Гостивар синоќа, во 23.30 часот, го привеле М.М.(42) од гостиварско Дебреше, кој бил баран со централна потерница за одлежување на уште шест години од 10 годишната затворска казна, информираат од МВР.
Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Гостивар синоќа, во 23.30 часот, го привеле М.М.(42) од гостиварско Дебреше, кој бил баран со централна потерница за одлежување на уште шест години од 10 годишната затворска казна, информираат од МВР.
Четириесет и двегодишниот гостиварец бил осуден за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на шест години од казната.
- При приведувањето кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, соопштуваат од МВР. ир/цр
Фото: МИА архива