• среда, 15 мај 2024

Приведен крадец во општина Чашка, фатен на дело

Приведен крадец во општина Чашка, фатен на дело

Скопје, 17 септември 2023 (МИА) - Во село Ореше, општина Чашка, синоќа во 23 часот од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода С.С.(37) од прилепското село Десово, кој бил затекнат додека извршувал тешка кражба во куќа во село Ореше.

При преглед кај него, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени мобилен телефон и разни други предмети. С.С., наведуваат од МВР, е осомничен и за други кражби на подрачје на селата Богомила и Ореше.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. цр/

Фото:МИА архива

Остани поврзан