• петок, 05 декември 2025

Приведен крадец во Куманово, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

Приведен крадец во Куманово, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

Скопје, 7 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници ноќеска привеле 17 - годишник од с.Блаце, скопско, затоа што пред угостителски објект во Куманово одзел мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Г.Д.(52) од Куманово, соопшти МВР.

Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а малолетникот бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава./

Фото: МИА архива

Остани поврзан