• петок, 15 ноември 2024

Приведен кавадарчанец, ги нападнал неговите татко и сестра и оштетил покуќнина

Приведен кавадарчанец, ги нападнал неговите татко и сестра и оштетил покуќнина

Кавадарци, 22 февруари 2024 (МИА) - Кавадарчанец бил приведен поради физички напад врз неговите татко и сестра и оштетување покуќнина, информираат денеска од СВР Велес.

- Синоќа во 19.05 часот, полициски службеници го лишиле од слобода В.Б., на возраст од 42 години, затоа што во семејниот дом во Кавадарци, по претходна расправија, физички ги нападнал неговиот 75-годишен татко и неговата 49-годишна сестра, по што со дрвен предмет оштетил дел од покуќнината, појаснуваат од СВР Велес.

В.Б. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан