Приведен кавадарчанец, возел со 2,31 промили алкохол во крвта
- При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „фолксваген голф” со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Д.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,31 промили алкохол во крвта.
Скопје, 12 август 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР - Ресен вчера во 05:35 часот го лишиле од слобода Д.П., на возраст од 43 години од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „фолксваген голф” со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Д.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,31 промили алкохол во крвта, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, како што додаваат од МВР, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило”. бд/вг/
Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерство за внатрешни работи