• петок, 22 ноември 2024

Приведен измамник од Kичевско по распишана централна потерница

Приведен измамник од Kичевско по распишана централна потерница

Скопје, 9 април 2024 (МИА) - Полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево вчера во 14.05 часот, го привеле Х.Ф.(45) од кичевското село Горно Строгомиште, соопштија денеска од МВР. 

За него била распишана централна потерница врз основа на судска наредба со која се барал за издржување затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „измама“. 

Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на казната. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан