• среда, 15 мај 2024

Приведен жител на Македонска Каменица, со ловечка пушка ранил сограѓанин

Приведен жител на Македонска Каменица, со ловечка пушка ранил сограѓанин

Скопје, 2 јануари 2024 (МИА) - Д.С.(57) од Македонска Каменица е лишен од слобода затоа што, според пријавеното, со ловечка пушка му нанел прострелни рани на Д.Ј.(39) од Македонска Каменица. 

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, полицијата вчера го лишила од слобода Д.С.

Несреќата се случила додека лицата биле на лов во кочанското село Пресека.

По документирање на случајот против Д.С. ќе биде поднесена кривична пријава. мд/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан