• петок, 17 мај 2024

Приведен грчки државјанин поради давање поткуп

Приведен грчки државјанин поради давање поткуп

Скопје, 30 април 2024 (МИА) - На граничен премин Табановце вчера во 12.40 часот полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(49) од Република Грција, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, соопштиј аденеска од МВР. 

- При пасошка и гранична контрола на возилото „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп. Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се појаснува во соопштението. цр/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан