Приведен тетовец за издржување затворска казна
- Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 16:30 часот го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец Џ.Ф..

Скопје, 15 февруари 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 16:30 часот го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец Џ.Ф..
За него, како што информира МВР, била издадена судска наредба, со која се барал за издржување на затворска казна.
По приведувањето тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.вј/ац/