Приведено лице од тетовско за издржување на затворска казна
- Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишија од слобода А.К.(36) од селото Глоѓи, тетовско. Тој бил баран по издадена судска наредба, затоа што е осуден на казна затвор во траење од една година и шест месеци.

Скопје, 8 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишија од слобода А.К.(36) од селото Глоѓи, тетовско. Тој бил баран по издадена судска наредба, затоа што е осуден на казна затвор во траење од една година и шест месеци.
Како што информираат од МВР, тој бил баран поради сторено кривично дело казниво по чл.300 од Кривичниот законик.
Лицето е приведено и спроведено во Казнено поправна установа Затвор - Тетово за издржување на казната.бт/ев/