• четврток, 09 мај 2024

Приведено лице од гостиварско за издржување затворска казна, пронајден кокаин

Приведено лице од гостиварско за издржување затворска казна, пронајден кокаин

Скопје, 12 септември 2023 ( МИА) -  Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска го привеле 38-годишниот А.Б. од гостиварска Симница.

Како што известуваат од МВР, за него била распишана потерница за доиздржување на затворска казна од 1 година и 8 месеци, а  притоа, му бил  пронајден и одземен кокаин.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор  „Идризово“ за доиздржување на казната. љм/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан