• недела, 05 април 2026

Приведено лице во Куманово по распишана централна потерница

Приведено лице во Куманово по распишана централна потерница

Скопје 20 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници синоќа во 22:30 часот во Куманово го лишиле од слобода 49 годишниот  В.И. од село Биљановце, кумановско.

Како што соопштија од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело по член 258 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.ад/са/

Остани поврзан