Приведено едно лице во Делчево, физички ја нападнал сопругата
- Полициски службеници утрово, во 1:30 часот, во Делчево го лишиле од слобода В.В.(47) од виничко село, со привремен престој во Делчево затоа што физички ја нападнал неговата 39-годишна невенча

Скопје, 15 јануари 2023 (МИА) – Полициски службеници утрово, во 1:30 часот, во Делчево го лишиле од слобода В.В.(47) од виничко село, со привремен престој во Делчево затоа што физички ја нападнал неговата 39-годишна невенчана сопруга.
Како што соопшти МВР, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/см/