• понеделник, 23 декември 2024

Приведено лице по распишана централна потерница

Приведено лице по распишана централна потерница
Скопје, 12 септември 2022 (МИА) - На бул.„Крсте Мисирков“, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 14.00 часот го лишиле од слобода Ј.А.(30) од Скопје. Од МВР информираат дека за него била распишана централна потерница по наредба на Основното јавно обвинителство – Скопје, со која се барал во врска со сторено кривично дело „разбојништво“. Ј.А. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. цр/ац/

Остани поврзан