• петок, 22 ноември 2024

Приведен крадец од Штип

Приведен крадец од Штип
Скопје, 2 септември 2022 (МИА) - Полицијата го лиши од слобода Р.Е. (37) од Штип, кој користел викенд отсуство од Казнено-поправната установа Затвор Штип, каде што издржувал затворска казна. Тој се сомничи за две кривични дела направени на 29 и 30 август 2022 во Штип. Како што информира МВР, Р. Е.се сомничи дека на 29 август 2022 на улица „Сутјеска“ се обидел да одземе накит од жена од Штип. Тој на 30 август 2022 на улица „Христијан Карпош“ со употреба на сила од жена од Штип одзел накит.Лицето било задржано во полициска станица и во службен разовор ги признало делата. При претрес во неговиот дом во Штип, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземените предмети. Р.Е. бил спроведен во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/аа/

Остани поврзан