• вторник, 05 ноември 2024

Приведени три лица од охридско поради незаконит риболов 

Приведени три лица од охридско поради незаконит риболов 
Скопје, 29 јануари 2022 (МИА) - Службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“ при Регионален центар за гранични работи Запад вчера во охридскиот авто камп „Љубаништа“, кај местото викано „Ќоше“, ги лишија од слобода Б.С., С.Н. и М.С., сите од селото Љубаништа, откако биле затекнати како вршат незаконит риболов во водите на Охридското Езеро. Според информациите од МВР, кај приведените биле пронајдени и одземени шест рибарски мрежи со вкупна должина од 360 метри со улов на риба и пловен објект Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Охрид против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл.229 од Кривичниот законик, за незаконит риболов. свс/сп/

Остани поврзан