• недела, 07 јули 2024

Приведени разбојници во Велес  

Приведени разбојници во Велес  

Скопје, 23 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај при СВР-Велес, денеска околу 8.30 часот ги лишиле од слобода М.Г. (25) и О.Т.(32), двајцата од Велес, соопштија од МВР.

Полицијата постапувала по претходно добиена пријава дека утрото околу 08 часот извршиле разбојништво во спортска обложувалница и со употреба на сила врз вработената, одзеле пари.

- По кратко време, лицата се пронајдени и приведени во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР. цр/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан