Приведени петмина дрвокрадци во Прилеп
- Полицијата денеска на местото наречено Беловодица, во Прилеп поради нелегална сеча на огревни дрва приведе пет лица.

Скопје, 3 ноември 2022 (МИА) - Полицијата денеска на местото наречено Беловодица, во Прилеп поради нелегална сеча на огревни дрва приведе пет лица.
- Полициски службеници од СВР Битола-ПСОН Прилеп денеска 03.11.2022) на место наречено Беловодица, Прилеп ги лишиле од слобода И. Р. (21), С. Ќ. (23), Е. К.(23), Е. М.(19) и Е. Р. (23), сите од Прилеп, кај кои биле пронајдени нелегално сечени огревни дрва, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Одземени се пет возила и дрвната маса, а по документирање на случајот ќе следува кривична пријава. ки/сст/