• понеделник, 15 јули 2024

Приведени осум лица на музичка манифестација во Стар Дојран

Приведени осум лица на музичка манифестација во Стар Дојран
Скопје, 3 јули 2022 (МИА) - Осум лица се приведени вчера во периодот од 19.30 до 23.20 часот за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран. Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единицата за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје извршиле контрола и ги лишиле од слобода М.М.(22) и Б.Ш.(23), двајцата од Кавадарци, С.Б.(18), К.Г.(19), А.С.(24) и А.С.(18), сите од Скопје, Д.А.(22) од Штип и Е.Ј.(40) од Радовиш. При преглед кај лицата, соопштија денеска од МВР, била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. цр/

Остани поврзан