Приведени крадци од скопско Кондово
- Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода У.С.(23) и Ф.Р.(24) двајцата од с.Кондово, скопско, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода У.С.(23) и Ф.Р.(24) двајцата од с.Кондово, скопско, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
- По претходна наредба од Основен кривичен суд-Скопје, од страна на полициски службеници од ЕВР-ОКР Ѓорче Петров биле извршени претреси на четири локации во селото, кај двајцата лишени од слобода и уште двајца малолетници, при што кај У.С. биле пронајдени предмети кои потекнуваат од сторено кривично дело, како и предмети со кои било извршено кривичното дело, информираат од МВР.
Со малолетниците бил извршен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“. ир/дма
Фото: МИА архива